Новината од Mercedes, моделот Maybach S-класа фатен на дело!
Само неколку дена пред премиерата, освежениот предводник на Daimler, ненадејно се појави на патиштата на Германија
Копија од S-класа од Mercedes-Maybach беше „фатена на дело“ во близина на седиштето на брендот во Штутгарт.
Визуелно промените на возилото не се многу, двобојната комбинација на екстериерот се задржува, а во предниот дел на маската веќе има вертикални елементи, а не хоризонтални. Потсетуваме дека S-класа Maybach е за околу 25 сантиметри подолг од стандардната S-класа, што се одразува главно на просторот за нозе во вториот ред на седиштата.
И натаму ќе се нуди во две верзии, S560 4Matic со 4.0-литарски би-турбо мотор од 463 КС и 700 Nm вртежен момент, обезбедувајки забрзување од 100 km/h до помалку од пет секунди, како и S650 со 12-цилиндри под хаубата, која генерира 621 КС при вртежен момент од 1001 Nm.
Изненадувачки, забрзувањето е побрзо за само неколку десетинки од секундата. Се уште нема официјални цени на обновениот модел, но претходната верзија се продаваше за скоро 200.000 долари со 12-цилиндерскиот мотор под хаубата.