Mercedes најави производство на три модела во Кина
Компанијата тежнее кон зголемување на своето учество на најголемиот пазар на автомобили во светот
Mercedes преку германско-кинеската компанија BAIC ќе го произведува електричниот SUV EQC, спортската лимузина AMG A35L Sedan и компанктниот SUV GLB. На овој начин германскиот производител во исто време ќе ги избегне високи даноци за увоз во Кина. Покрај најавените модели Mercedes во Кина веќе ги произведува и SUV моделите GLA и GLC. Во првата половина од 2019 година Mercedes во Кина произведе 282.000 возила, што значи раст од 12 проценти споредбено со истиот период од 2018 година.