fbpx

Mercedes објави тизер за новиот MBUX Hyperscreen на EQS

Германскиот производител Mercedes го подготвува електричниот луксузен седан EQS за моделската година 2022, а наскоро ќе го претстави целосно новиот MBUX Hyperscreen

Mercedes-Benz MBUX Hyperscreen е инфозабавниот систем од следната генерација на германскиот бренд кој ќе дебитира на 7 јануари 2021 година на дигиталното издание на CES. Производителот ги држи во тајност најголемиот дел од деталите за својата иновативна технологија, но открива дека софтверот сега вклучува вештачка интелигенција за функционирање на инфозабавата, HVAC и функциите на возилото.

Името Hyperscreen или „хипер екран“ е јасна алузија на тоа дека во електричниот седан ќе се најде закривен екран кој ќе се протега на целата контролна табла. Дури и совозачот ќе има пристап до екранот, а од Mercedes велат дека за ова лице „дигиталното искуство е подеднакво емоционално како и интуитивно и без напор“.

MBUX Hyperscreen ќе дебитира како опција на новиот Mercedes-Benz EQS електричен седан. Возилото ќе дебитира подоцна во текот на 2021 година како модел за 2022 моделската година. Mercedes објави и тизер за ентериерот, односно новиот инфозабавен систем, но за жал истиот не открива премногу. Сепак, јасно е дека оваа технологија е следен чекор во „војната“ меѓу производителите за што е можно поголем екран во новите автомобили.

Дебито на MBUX Hyperscreen, како што веќе рековме, ќе биде на 7 јануари, а деталното претставување ќе биде на 11-ти истиот месец, кога од Mercedes ќе прикаже повеќе информации за функционалноста, дизајнот и техничките спецификации на огромниот екран.

И додека Hyperscreen се очекува да биде една од клучните карактеристики на EQS, но како опција, сепак треба да се напомене дека електричниот седан во својата стандардна форма ќе го добие истиот ентериер како новата S Класа, а тоа значи 12,8-инчен OLED екран на допир со „хаптички фидбек“.

Поврзани вести

Back to top button