fbpx

Mercedes со најавно видео за новиот AMG GT R Black Series

По „протечените“ фотографии на интернет, Mercedes објави најавно видео за новиот суперавтомобил AMG GT R Black Series без нималку камуфлажа

Ако може да се верува на шпекулациите, Mercedes ќе го објави својот AMG GT R Black Series модел во текот на овој месец. Германскиот производител се уште треба да потврди кога ќе го претстави новиот суперавтомобил, но „протечените“ фотографии на социјалните мрежи најавуваат дека тоа ќе биде наскоро.

Како и да е, видеото прикажува како познатиот „јутјубер“ Shmee150 влегува во гаража, слика неколку фотки од новиот AMG GT R Black Series и потоа го краде и ужива во неговото возење. Можеби ова значи дека Mercedes самиот ги пуштил фотографиите кои претходно „протекоа“ во оптек, но тоа никогаш нема да се дознае.

Во секој случај, новата варијанта на Mercedes AMG GT R ќе биде вистински ореол за AMG, карактеризирајќи се со значително преправена каросерија, екстремни аеро детали и уште помоќен V8 мотор. Како што може да се забележи и од „протечените“ фотки, новиот Black Series се одликува со поширока решетка која изгледа идентично како онаа кај GT3 тркачкиот автомобил. Браникот исто така содржи подлабок спојлер и по едно крило на секој агол, додека хаубата исто така е нова.

Задниот дел е проширен, со тоа што браникот сега има масивен заден дифузер. Најголемото внимание го привлекува џиновското двојно задно крило, што прави AMG GT R Black Series да не може да се разликува од GT3 тркачот.

Се уште нема конкретни информации за моторот, со тоа што некои од извештаите навестуваат дека 4,0-литарскиот V8 мотор е унапреден да произведува 710 КС и 850 Nm максимален вртежен момент. Според истите извештаи, најновиот производ на AMG успеал да помине еден круг на Nurburgring за време од 6 минути и 58 секунди.

Очекуваме Mercedes да ги објави комплетните детали за новиот AMG GТ R Black Series во брзо време.

Поврзани вести

Back to top button