fbpx

MG ќе се проширува на европските пазари

MG Motor ќе се проширува на сите најголеми пазари во Европската унија, вклучително и најголемиот - Германија, продолжувајќи со електрификациската офанзива во индустријата

Британскиот производител MG кој е во сопственост на SAIC Motor во моментов има распишано огласи за вработување во Германија, Шпанија и Италија. Иако конкретен датум и рок за експанзијата се уште не е објавен, компанискиот вебсајт на германски јазик вели дека „доаѓа наскоро“.

Минатата година MG започна со продажба на своите автомобили ширум Европа за прв пат по 2011 година, фокусирајќи се на ZS електричниот кросовер, кој си најде нови сопственици во Франција, Холандија и Норвешка.

MG

Компанијата има 112 продажни салони и дилери во Велика Британија и додава нови објекти во Луксембург, Белгија и Австрија. Европските продажби на MG пораснаа за 76 проценти достигнувајќи 14.088 единици во август, со тоа што електричната верзија на ZS има удел од 10.675 единици во овие продажби, пренесува JATO Dynamics.

Во меѓувреме, продажбата за електричниот MG5 и HS plug-in хибридот само што започнаа во Велика Британија, со тоа што двата модели ќе се продаваат на останатите европски пазари, изјави шефот за продажба и маркетинг на производителот, Даниел Грегориус, во интервју за Autonews Europe.

„Имаме капацитет да произведеме 300.000 батерии годишно и не сме ограничени на волуменот, како што се некои од нашите конкуренти. Постои голем моментум зад електричните возила сега“, изјави тој, алудирајќи на различни грантови и други поволности.

MG5 електричниот автомобил се напојува со 52,2 kWh литиум-јонска батерија и електромотор поставен на предната осовина кој испорачува 156 КС. Автомобилот од нула до 96 км/ч стигнува за само 8 секунди, а автономијата е 344 километри со ендо полнење.

Кога станува збор за HS plug-in хибридниот кросовер, тој користи 1,5-литарски турбо бензински мотор и 90 kW електромотор. Комбинираната моќност е 258 KS и до 96 км/ч стигнува за 6,9 секунди.

Поврзани вести

Back to top button