fbpx

Michelin ќе користи дрва во своите гуми

Францускиот производител на гуми работи да ги замени нафтените продукти што се користат во производството на истите со дрвени компоненти

Ова го потенцира, Кирил Роџер, глобален директор на Michelin за наука и иновативни комуникации. Според плановите за да се создадат поиздржливи гуми во иднина, експериментите со отпадно дрво, нудат интересно решение. Производителот на гуми ќе користи еластомери произведени од дрвни деланки, како замена за досега создадените врз основа на нафтени компоненти.

Во модерните гуми, околу 80% од нивната структура се состои од нафтени елементи. Michelin предвидува дека до 2048 година овие состојки ќе се намалат на 20%.

Michelin

-Дрвја растат насекаде, а со новата идеја даваме можност секој да ги користи локални ресурси, кои освен тоа се и рециклираат” – сподели Роже. – Сметаме дека можеме да ја претставиме првата „дрво-гума“ за помалку од две години.

Во плановите за иднината Michelin гледа не само гуми со дрвна состојка, туку и производи согласно процесот на 3D печатење, кој се очекува да го револуционизира производството на пневматици. Денес сопствениците на автомобили ги менуваат гумите поради шарата, а во иднина 3D принтери би можеле да ги обноват нивните шари по абењето.

Роже дури смета дека еден ден станиците за полнење за електрични возила ќе бидат опремени и со 3D принтер кој ќе ги „пополнат“ изабените заштитници, додека се полни акумулаторот, а и да „помогне“ околу шарите на гумите.

Поврзани вести

Back to top button