fbpx

Mille Miglia 2018 заврши со триумф на Alfa Romeo

Прекрасно финале за Alfa Romeo, дури три автомобили на подиумот во годинашново издание на легендарната трка на ретро автомобили -Mille Miglia

Легендарната трка Mille Miglia се одржува од 1928 година и за истата се испреплетени многу историски приказни, a оваа каде се натпреваруваат над три децении само ретро-автомобили, ќе остане забележана поради рекордните 450 екипажи на стартот. Освојувањето на првите три места од автомобилите на Alfa Romeo, исто така е голем чин и едноставно ја потврдува непрекинатата врска на брендот со „најубавото натпреварување во светот”.

Alfa Romeo беше ѕвездата во престижната традиционална трка, а овој триумф ја одбележа годишницата од првата победа на компанијата.

Победник на трката беше екипажот на Viale Venezia од Бреша со Alfa Romeo 6C 1500 GS Testa Fissa – Тонконоги-Руфи. Само осум поени зад најдобрите заврши восхитувачкиот модел 6C 1500 Super Sport од 1928 со каросерија на Stabilimenti Farina, официјален автомобил од колекцијата FCA Heritage, која се наоѓа во Museo Storico Alfa Romeo.

Овој автомобил носеше тркачки број 30, истиот со кој пред 90 години ја освои првата победа за Alfa Romeo во Mille Miglia со Џузепе Кампари и Џулио Рампони. Во јубилејната трка возилото беше управувано од екипажот Даниеле Бонети и Џовани Мосери, кој е шампион во италијанската Серија Grandi Eventi ACI Sport Champion, во кои се вклучени уште Mille Miglia, Targa Florio и Coppa d’Oro delle Dolomiti. Третото место беше за возилото Alfa Romeo 6C 1750 SS Zagato со екипаж Веско-Гверини.

Сите автомобили на марката Alfa Romeo обезбедени од FCA Heritage завршија на високи места во пласманот во 36-тото издание на возобновената трка како натпревар на историски автомобили Mille Miglia. Така изданието на трката од 2018 година заслужи посебно место во историјата на Alfa Romeo.

 

Поврзани вести

Back to top button