fbpx

Минхен: Cupra Tavascan Extreme-E е најава за вториот ЕВ на брендот

Покрај неколкуте новитети кои дебитираа на Салонот во Минхен, посебно внимание привлече и Tavascan Extreme-E концептот на Cupra

Cupra Tavascan Extreme-E концептот дебитира на Меѓународниот Салон за автомобили во Минхен како втор концептен модел на шпанскиот бренд. Целосно електричното возило е производ на соработката со ABT Sportsline и ќе дебитира во експерименталната Extreme E „оф-роуд“ тркачка серија во блиска иднина.

Но, покрај тоа, Tavascan го најавува и одржливиот производствен процес. Имено, инженерите користеле природни материјали при конструкцијата. Наместо да користи карбон кој често се наоѓа кај лесните тркачки возила, Tavascan Extreme-E концептот користи ленени влакна од ленено растение. Cupra вели дека станува збор за технологија која може лесно да се адаптира за производствени возила.

Концептот исто така е составен со повеќе 3D печатени делови, меѓу кои и рамката на возилото. Со користење на 3D печатење, потребното време на производителот за заменските делови е намалено драстично. Друг бенефит е тоа што компонентите можат да бидат модифицирани брзо без потреба од тешки и скапи алати.

За напојувањето на Cupra Tavascan Extreme-E концептот е задолжена 54 kWh батерија поставена на задниот дел. Возилото од нула до „стотка“ може да стигне за околу 4 секунди. Произведен е во партнерство со ABT Sportsline, кој е клучниот снабдувач на Formula E.

Cupra Tavascan Extreme-E концептот е следната еволуција на нашиот целосно електричен оф-роуд тркачки автомобил со уште повеќе Cupra ДНК и дизајнерски најави за идната насока на брендот. Но, исто така носи и технички унапредувања“, вели Чави Сера, шефот на технички развој во Cupra Racing.

Cupra Tavascan Extreme-E Concept

Самиот концепт исто така го најавува и престојниот Tavascan електричен патнички автомобил. Продукцискиот модел ќе влезе во производство некаде во 2024 година. Базиран на MEB платформата на Volkswagen групацијата, патничкиот Tavascan ќе споделува малку работи со овој концепт на механичко ниво, но сепак, елементите од дизајнот можат да се префрлат. Претходниот Tavascan концепт имаше два електромтори напред и уште еден позади за вкупна моќност од 306 КС.

Поврзани вести

Back to top button