Минхен: Microlino ја доби својата продукциска форма
Малиот градски електричен автомобил Microlino, инспириран од BMW Isetta, дебитираше во својата продукциска форма на Салонот во Минхен
Microlino 2.0 е електричен градски автомобил инспириран од BMW Isetta, ја доживеа својата финална форма на Меѓународниот Салон за автомобили во Минхен, а производството треба да започне пред крајот на 2021 година. Моделот ќе се нуди во три различни верзии – Urban, Dolce и Competizione и ќе биде достапен со три различни капацитети на батеријата.
Швајцарската компанија Micro, најпрво го претстави Microlino во 2016 година со иницијални планови за лансирање на пазарот во 2018 година. По одложувањето, видно изменетиот дизајн на Microlino 2.0 се појави во 2020 година со целосно нова автомобилска „body-on-frame“ шасија за сегментот на четирицикли.
„По неколку години развој и повеќе предизвици од што можевме да замислиме, ние сме и повеќе од горди што можеме да ја прикажеме сериската верзија на Microlino за прв пат“, изјави Вим Уботер, основачот на Microlino.
Дизајнот на продукцискиот Microlino 2.0 ги задржува сите карактеристики на претходните прототипи. Автомобилот делува прекрасно, модернизирајќи го современиот рецепт на BMW Isetta со дополнителни LED „барови“, кружни фарови монтирани на ретровизорите и одличен финиш на компактната каросерија. Карактеристичната предна врата нема рачка и истата се отвора со притискање на копче и поседува механизам за меко затворање.
Во внатрешноста има простор за две лица и 230 литри капацитет за складирање. Редизајнираниот ентериер пристигнува со фиксиран управувач, ергономски дизајнирани седишта и минималистичка контролна табла со дигитален инструмент кластер и дополнителен екран на допир на средината за контролирање на главните функции на возилото. Исто така, тука е и алуминиумска цевка со рачка за затворање на вратата.
Три различни верзии
На Салонот во Минхен, Micro го најави и опсегот на Microlino. Базичниот Urban е достапен во Santorini White или во Amsterdam Orange со сјајно црн покрив. Внатре, се наоѓа текстилен тапацир во црни или антрацитни нијанси.
Над него се наоѓа верзијата Dolce добива хромирани детали на екстериерот, и ги додава Paris Mint, Milano Red и Zurich Blue нијансите во палетата, овојпат во комбинација со бел покрив. Исто така, добива прекрасни Infinity LED светлечки ленти на предниот и задниот дел кои се комплементираат со фаровите и задните светла. Во внатрешноста се наоѓа текстил или тепацир од веганска кожа. Преклопувачкиот покрив кој е опционален кај Urban, е стандарден кај Doce и Competizione.
Кога станува збор за Competizione, оваа верзија носи селекција на мат бои на екстериерот – Gotham Anthracite, London Green и Torino Aluminium – како контраст на сјајниот црн покрив.
Конструкцијата на возилото значително ја зголемува ригидноста, нудејќи поголема безбедност и значително унапредено возачко искуство. Системот на потпирање е целосно независен со Мекферсонови опруги и напред и назад. Електричниот погон испорачува 17 КС и 118 Nm вртежен момент, со максимална моќност од 26 КС. Благодарение на малата тежина од 435 килограми, може да забрза од 0 до 50 километри на час за 5 секунди, а максималната брзина е 90 километри на час.
Производството почнува оваа година
Четирициклот е достапен со капацитет на батерии од 6, 10,5 и 14 kWh кои нудат опсег на движење од 95, 175 и 230 километри. За полнење од 0 до 80 проценти, на литиум-јонските батерии им се потребни 4 часа (6 kWh, 14 kWh) или три часа (10,5 kWh).
И покрај повисоките трошоци за развој и производство, Micro останува доследен на првичната почетна цена од 12.500 евра. Компанијата вели дека е конечно подготвена да го произведува градскиот автомобил во своите погони во Торино почнувајќи од оваа година. Иницијално, годишниот капацитет ќе биде околу 7.500 возила, но постои можност и за зголемување на оваа бројка во иднина.