Mini Cooper SE доби специјална Collection едиција
Електричниот Mini Cooper SE сега добива своја нова Collection едиција, која пристигнува со уникатни спецификации и уникатни дизајнерски елементи
Новата Collection верзија на Cooper SE е првиот Mini кој пристигнува со новата Island Blue металик боја, но најважната карактеристика е Multitone Roof финишот. Благодарение на новата техника на фарбање во фабриката на брендот во Оксфорд, Велика Британија, новата опција за бојадисување на покривот градиент на бои од San Marino Blue и Pearly Aqua до Jet Black, почнувајќи од рамката на предното стакло кон задниот дел.
Освен тоа, екстериерот на Mini Cooper SE Collection Edition се карактеризира со ексклузивен дизајн на хаубата и странични линии, црни куќишта на ретровизорите, сет на 17-инчни тркала од лесна легура, Piano Black високо сјајни детали на решетката, фаровите и рамката на задните светла.
Кога станува збор за моќноста, ништо не е променето, па така Cooper SE Collection се напојува со електромоторот со 184 КС и 271 Nm вртежен момент и 32,6 kWh литиум-јонска батерија. Официјалниот опсег на движење изнесува помеѓу 203 и 234 километри според WLTP циклусот.
Спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 7,3 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 150 километри на час. Електричниот Mini Cooper SE може да ја наполни својата батерија до 80 проценти за само 35 минути кога е приклучен на брз полнач, или два и пол часа со стандарден полнач.
Дел од стандардната опрема вклучува адаптивни LED предни светла, спортски седишта во светло сива ткаенина во комбинација со вештачка кожа, нов алуминиумски трим и Connected Navigation пакет. Опционалниот Connected Navigation Plus пакет е сочинет од head-up екран, бежично полнење за телефони, како и ред други услуги. Купувачите исто така можат да се одлучат за Driver Assistance Package Plus, кој вклучува активен темпомат со start & stop функција.