MINI со филтер за честички и на бензинските модели
Од јули годинава бензинските модели на MINI ќе бидат опремени со филтер за тврди честички
Тој ќе се вградува на сите верзии со бензински мотор на MINI 3-door, MINI 5-door, MINI Convertible, MINI Clubman и MINI Countryman. Според производителот, новиот DPF нема да има негативно влијание врз динамиката на возилото, туку ќе му помогне да биде „почист“ за природата. Благодарение на него, моделите со бензински мотор ќе одговараат на Euro 6d-TEMP стандардите, на кои дизел моделите на компанијата одговараат од март па наваму. Покрај тоа, MINI ќе започне со понуда и на 7-брзински автоматски менувач со две спојки од овој месец.