fbpx

Mini ги освежи своите хечбек и кабрио модели

Mini ги претстави освежените примероци на своите хечбек модели со три и пет врати, како и унапредената кабрио верзија

Подготвени да бидат лансирани во Европа во март, хечбек моделите на Mini за 2022 моделската година пристигнуваат со ревидиран стајлинг во внатрешноста и надворешноста. Иако Cooper, Cooper кабрио и John Cooper Works моделите се веднаш препознатливи, тие се карактеризираат со целосно нова предница и ревидирана предна решетка, како и инсерти во боја на каросеријата. Mоделите исто така пристигнуваат и со нови LED предни светла, поголема обвивка на решетката и ревидиран преден браник со триаголни отвори за воздух. Тука се и LED трепкачите, а на задната страна е скромно ревидираниот браник и стандардните Union Jack задни светла.

Иако Mini неодамна ја затвори својата услуга за персонализација, автомобилите се одликуваат со неколку нови опции како што е покрив во повеќе бои. Станува збор за интересен детал бидејќи има „градиент на бои од San Marino сина, преку Pearl Aqua до Jet Black“. Кога станува збор за боите, тука се и трите нови бои за екстериерот наречени Island Blue металик, Rooftop Grey металик и Zesty Yellow. Дизајнерите исто така подготвија и нови дизајни за тркалата.

Mini

Подготвени неколку новини и за Mini Cooper SE

Во внатрешноста се наоѓа ревидираниот тапацир, унапредените отвори за вентилација и нов трим. Меѓу другите карактеристики, тука е и ревидираниот менувач за брзини, новиот кожен управувач со опционално греење и ласерски гравиран прстен со LED светло кое го обвива 8,8-инчниот инфозабавен систем.

Mini

Опциите за моторниот погон се пренесува од претходно, а тоа значи истиот турбо 1,5-литарски трицилиндерски мотор со 136 КС и 220 Nm максимален вртежен момент, во комбинација со шестстепен мануелен или опционален седумстепен менувач со двојна спојка. Cooper S останува нешто помоќен, испорачувајќи 191 КС и 281 Nm од истиот турбо 2,0-литарски четирицилиндерски мотор од минатата година. John Cooper Works останува најмоќната опција, нудејќи 231 КС и 320 Nm максимален вртежен момент. Компанијата најави и Mini Electric Collection 2021, што е наречено „уникатна и прогресивна едиција на Mini Cooper SE. Компанијата не откри премногу детали, но ќе има „внимателно избрани адаптации на ентериерот и екстериерот кои го потенцираат индивидуалниот карактер и уникатност на Collection“.

Поврзани вести

Back to top button