Mini го претстави својот 10 милионити модел
Во истата година кога Mini ја слави својата 60-годишнина, компанијата го изгради и својот 10 милионити модел наречен Mini 60 Years Edition
Специјалниот модел е наречен Mini 60 Years Anniversary Edition, а претставен беше на настан во производниот објект на фирмата во Оксфорд, каде Mini собра 60 сопственици на 60 автомобили, по еден од секоја година на производство.
10 милионитиот модел доаѓа во изведба со три врати, со зелена боја, црни ленти за хаубата, LED светла и уникатни 17-инчни дво-тонски алуминиумски фелни. Под хаубата на ова специјално издание се наоѓа 2,0 литарскиот четири-цилиндарски мотор од Cooper S, кој испорачува моќност од 190 коњски сили.
На овој модел му се придружи и првиот изграден Mini познат како 621 AOK, во фабриката во Оксфорд. Автомобилот е изграден во далечната 1959 година и дизајниран од Алек Ајсигонис. Наместо да се продава, специјалното издание Mini 60 Years Anniversary Edition ќе се приклучи на флотата на наследството на BMW.