fbpx

Mini со ограничена серија на Countryman Boardwalk

Британскиот производител Mini ја претстави специјалната верзија на моделот Countryman наречена Boardwalk која ќе пристигне во ограничена серија

За Countryman Boardwalk од Mini велат дека е „опремен за предизвиците од секојдневниот животкако и за спонтаните екскурзии надвор од градските лимити и авантури на неурбаните терени“. Mini Countryman Boardwalk се одликува со Deep Laguna металик боја со црни детали над сводовите од тркалата, предниот браник, страничните прагови, ретровизорите, покривот и 19-инчните тркала.

Името е референца на променадите на традиционалните морски резорти во Велика Британија. Поради ова, Mini Countryman Boardwalk вклучува и уникатен беџ инспириран од дрвените греди традиционално поставени хоризонтално и дијагонално долж овие променади.

Во внатрешноста се наоѓаат Boardwalk логоа на страничните прагови и централната конзола која му дава на автомобилот уникатен допир. Голем број опции од пониските Countryman модели исто така се додадени, вклучително и Interior пакетот и Mini Excitement пакетот кои вклучуваат амбиентално осветлување, осветлени рачки и проекции на надворешното лого на ретровизорите. Тука е и дигиталниот инструмент кластер заедно со 8,8-инчниот екран, Apple CarPlay, информации за сообраќајот во реално време и голем број сервиси базирани на апликации како дел од Navigation пакетот.

Стандардната опрема исто така вклучува и Mini Youts кожа и Comfort Plus пакет кои носат греење на седиштата, патосници, асистенција за паркирање, предни паркинг сензори, како и предна и задна камера.

Mini Countryman Boardwalk е достапен со трицилиндерски бензински мотор кој испорачува 136 КС, или со четирицилиндерски бензинец со 178 КС.

Поврзани вести

Back to top button