fbpx

Mini John Cooper Works освежен за 2022

Британската компанија подготви низа унапредувања и ажурирања, пред се на екстериерот, за Mini John Cooper Works за 2022 моделската година

Откако во јануари годинава Mini ја претстави освежената постава за 2022 моделската година, на ред дојде и John Cooper Works верзијата. Популарниот хот хеч JCW доби низа модификации од страна на Mini, а промените почнуваат на предниот дел каде што решетката е зголемена и сега се протега надолу и се комплементира со пар зголемени отвори за воздух. Меѓу останатите промени на екстериерот кај Mini John Cooper Works се и редизајнираните странични прегради кои се карактеристични за моделот, заедно со новиот дифузер на задниот дел.

Под хаубата нема промени, па за напојувањето на Mini JCW и понатаму се грижи 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски мотор со 231 КС и 320 Nm максимален вртежен момент. Како стандард, John Cooper Works хот хечот пристигнува со шестстепен мануелен меувач кој ја испраќа моќноста на предните тркала и може да стигне до „стотка“ за 6,3 секунди. Ако се купи со опционалниот осумстепен Steptronic Sport трансмисијата, оваа бројка паѓа на 6,1 секунда. Со потентниот мотор пристигнува и уникатниот издувен систем со 85 милиметарски издувни цевки од нерѓосувачки челик.

Промени на суспензијата и ентериерот

JCW исто така како стандарден дел од опремата го добива и уникатниот спортски систем на потпирање, но купувачите сега можат да изберат и нова верзија на Adaptive Suspension системот кој се карактеризира со фреквентно селективна технологија на амортизерите со дополнителни вентили кои го ублажуваат притисокот во самиот амортизер при нерамнините на патот. Автомобилот доаѓа поставен на 17-инчни тркала од лесна легура како стандард, а како опција се достапни 18-инчни тркала достапни со John Cooper Works Circuit Spoke двобоен дизајн.

John Cooper

Минимални промени се направени и во кабината, вклучително и поставувањето на новиот 8,8-инчен екран на допир за инфозабавниот систем заедно со најновиот оперативен систем на BMW, кој функционира со далеку подобра графика од претходно. За прв пат, JCW добива и таканаречени Live Widgets, кои можат да бидат селектирани со замавнување, наместо допир на новиот екран.

Потенцијалните купувачи можат да го изберат и John Cooper Woks Trim пакетот кој додава црни пијано површини на екстериерот и ентериерот, потоа Dinamic/кожен тапацир во Carbon Black и поквалитетен финиш на екстериерот. Mini JCW за 2022 ќе биде достапен во Chili Red, Rebel Green, Rooftop Grey или Island Blue Metallic.

Поврзани вести

Back to top button