fbpx

Mini објави тизер за моќниот JCW Electric

Откако кон крајот на минатата година го прикажа концептот, Mini сега го објави првиот тизер за продукциската верзија на моќниот JCW Electric

До почетокот на следната деценија, Mini ќе стане чисто електричен бренд, а последниот модел кој ќе се напојува од мотор на внатрешно согорување се очекува да биде лансиран во 2025 година. Британската компанија во своето портфолио веќе го има електричниот Cooper SE како свој прв продукциски електричен автомобил, а далеку помоќна верзија на овој модел треба да биде лансиран наскоро под името JCW Electric.

Во декември минатата година Mini за прв пат го прикажа John Cooper Works Electric концептот, потврдувајќи ги претходните шпекулации дека ќе лансира електричен хот хеч. Сега, марката објави нова тизер фотографија со JCW Electric, кој се чини дека ќе дебитира наскоро.

Сепак, од Mini не откриваат никакви предвремени детали околу автомобилот. Но, производителот јасно најавува дека овој модел ќе пристигне со унапредување на моќноста во однос на Mini Cooper SE. За потсетување, малиот електричен автомобил на британскиот производитетл има 184 КСс и 270 Nm ввртежен момент, а спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 7,3 секунди. Максималната брзина е ограничена на 150 километри на час.

Ќе биде интереснод а се види дали Mini ќе ја задржи поставката со единечен мотор и едноставно ќе инсталира помоќен електромотор, или пак електричниот хот хеч ќе добие и втор електромотор за потенцијален погон на сите четири тркала.

Инаку, иако првично се чинеше дека Mini JCW Electric ќе пристигне подоцна во текот на оваа деценија, со објавувањето на овој тизер, британската компанија практично најавува дека дебито би можело да се случи во следните неколку месеци. Во секој случај, ќе треба да почекаме одредено време за повеќе детали.

Поврзани вести

Back to top button