fbpx

Mini подготви освежување и за хечбекот со пет врати

Mini со освежувањата на своите модели за 2021 моделската година одлучи му даде фејслифт третман и на својот 5-Door модел

По претставувањето на освежениот Mini хечбек, британскиот производител сега лансира и варијанта со пет врати кој ги добива истите стилски ревизии и технолошки унапредувања. Првите примероци на освежениот Mini 5-Door ќе пристигнат на европскиот пазар во март, комбинирајќи ги најновите дизајнерски акценти со зголемена практичност на каросеријата со пет врати.

Mini хечбекот со пет врати за 2021 година пристигнува со 160 милиметри подолга каросерија и 72 милиметри подолго меѓуосовинско растојание. Тоа овозможува поголема удобност и пространост за патниците и нивниот багаж. Од Mini велат дека патниците на задниот дел ќе добијат значителна поголема пространост во ентериерот. Освен тоа, задната клупа може да се преклопи и да се подели во соодност 60:40. Со тоа се зголемува багажниот капацитет од 278 на 941 литри.

Предниот дел на освеженито Mini 5-Door се карактеризира со новодизајнираната предна решетка. Тука се новиот преден браник со вертикални отвори за воздух на страните и новиот заден браник со магленките интегрирани како тенки LED единици. Mini нуди и пет нови опции за тркала од лесна легура од кои купувачите ќе можат да бираат.

Освен тоа, Mini сега ја нуди и Multitone Roof опцијата. Истата се карактеризира со прелевање на бои почнувајќи од San Marino Blue преку Pearly Aqua до Jet Black, благодарение на новата техника на фарбање. Оваа карактеристика е уникатна во својата класа и е додаток плус во широката листа на Mini за персонализирачки опции. Предните LED светла сега се стандардни, како и задните светла со Union Jack светлосен потпис во потемен тон.

Mini

Ентериерот исто така е освежен, а контролната табла сега се карактеризира со нови централни отвори за вентилација. Тука е и редизајнирана централна конзола на која е поставен стандардниот 8,8-инчен инфозабавен систем. Дигиталниот инструмент кластер се нуди какo опција, но кожниот управувач со нови копчиња доаѓа како стандард.

Mini

Продажбата на освежениот Мini хечбек со пет врати започнува во март ширум Европа.

Поврзани вести

Back to top button