Mini подготви Resolute, Untold и Untamed едиции за своите модели
Mini важи за марка која сака да лансира специјална едиција за своите модели, а тоа е случајот и со Resolute, Untold и Untamed сериите за 2023
За првпат досега, компанијата Mini најави специјални верзии за својата целосна постава истовремено, а секоја од Resolute, Untold и Untamed едициите е уникатна за конкретен модел. Класичниот Cooper ја добива Resolute едицијата, додека поголемиот Clubman сега ќе биде достапен и во Untold верзија. Untamed е наменет за Mini Countryman.
Сите промени кои пристигнуваат се чисто естетски, а се одликуваат со различни линии, финиши, тркала и опрема. Mini сака да посочи дека секоја специјална едиција има свои „автентични производствени персоналности“ кои го рефлектираат секој модел, како и купувачите кои ќе се одлучат за нив. Сите едиции ќе пристигнат подоцна оваа година како модели за 2023 година.
Resolute Edition
Најмалиот модел во понудата, Mini со три или пет врати, заедно со Mini кабрио ќе се нуди во Resolute Edition, за Cooper, Cooper S и Cooper SE погонските варијанти. Оваа едиција се одликува со Rebel Green боја која претходно беше резервирана за JCW, комбиниран со Pepper White покрив и капаци за ретровизорите (црн мек покрив и капаци за ретровизорите кај кабрио изведбата), како и Resolute Bronze акценти за Cooper S и SE. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 18-инчни Pulse Spoke Black и 17-инчни Tentacle Spoke Black тркала од лесна легура, додека електричниот Cooper SE добива свои 17-инчни Electric Collection Spoke дизајн.
Во внатрешноста сите модели добиваат Black Pearl / Light Chequered ткаенина или вештачка кожа на спортските седишта, Nappa кожа на управувачот и амбиентално осветлување. Исто така, тука е и Mini Yours Leather Lounge пакетот во Carbon Black со перфориран Union Jack мотив на потпирачите за глава.
Untold Edition
Mini Clubman ја добива Untold едицијата која е достапна со Cooper, Cooper S, Cooper D, Cooper SD и JCW погонските варијанти. Истата визуелно се карактеризира со Sage Green бојата на екстериерот во комбинација со темно зелена нијанса за пластичните облоги, Refined Brass акценти на каросеријата и поспортскиот дизајн на елементите на предниот и задниот раник. Една од главните одлики се и специјалните 18-инчни Untold Spoke тркала финиширани во Jet Black и Refined Black. Опционално, покривот и капаците од ретровизорите можат да бидат офарбани во црно, заедно со Piano Black финиш за рачките, издувните цевки, Mini логото и натписот.
Во внатрешноста, стандардниот Mini Your Leather Lounge Sage Green носи комбинација на бои кои се совпаѓаат со екстериерот, со Sage Green тапацир и Refined Brass акценти. Стандардната опрема вклучува спортски седишта, управувач обложен со Nappa кожа, адаптивни LED фарови, како и Excitement и Interior Light пакети.
Untamed Edition
На крајот, тука е Mini Countryman. Конкретно, сите Cooper, Cooper D, Cooper S, Cooper SD и Cooper SE ALL4 варијантите на Countryman се достапни во Mini Untamed Edition. Екстериерот е офарбан во Momentum Grey металик вклучително со ALL4 тримот, додека Frozen Bluestone се користи за графиките на профилот и амблемите. Покривот, капаците од ретровизорите и покривните шини се офарбани во црно, со екстра темни одлики во Piano Black опцијата за екстериерот. На крајот, авантуристичките 18-инчни Untamed тркала од лесна легура.
Во внатрешноста се наоѓаат специјалните прагови на вратите со Untamed логото кое исто така е присутно на седиштата, управувачот и патосниците. Highland Green е избрана за тапацирот во комбинација со сини и зелени конци на спортските седишта, заедно со Frozen Blue металик, Arctic Silver металик и High Gloss Black за акцентите. Untamed Edition исто така пристигнува стандардно со Light и Excitement пакетите.
За Mini купувачите кои сакаат уште повеќе додатоци, сите Resolute, Untold и Untamed Edition модели можат да ги добијат опционалните Comfort, Driver Assistance и Connected пакети, или индивидуалните опции како Steptronic спортскиот автоматски менувач, адаптивната шасија, Harman Kardon HiFi звучници и панорамски стаклен покрив.