Минимално дотерување и за Porsche Macan
Porsche ја покажа обновената верзија на својот најпродаван модел на глобално ниво Macan
Најголемата разлика во дизајнот на Macan се наоѓа на задната страна каде има LED лента, која ги поврзува стоп светлата. Кон новостите треба да се напоменат неколку нови екстериерни бои, како фелни со димензии од 20 и 21 инчи. Во ентериерот ја откриваме обновена централна конзола, каде доминира поголем екран за навигација со големина од 11 инчи.
Системот за инфозабава има подобрена контрола на гласот, а достапна е информацијата за сообраќај во живо. Германците, исто така, ќе понудат спортски управувач од GT линијата од моделот 911. Инженерите на компанијата посветиле сериозно внимание на суспензијата, која сега има малку поудобно поставување.
Новите гуми овозможуваат поголема динамика при возењето. Засега нема информации за моторите, но се очекува Porsche да го задржи опсегот непроменет. Моторите ќе бидат малку ревидирани за да ги исполнат најновите стандарди за емисија на штетните гасови.