Тајванскиот конкурент на Tesla Roadstrer–побрз!
Тајванската компанија XING Mobility претстави прототип на електричен автомобил со моќност од 1.360 КС, чие име е Miss R
Тајванската компанија XING Mobility претстави прототип на електричен автомобил со моќност од 1.360 КС, чие име е Miss R и е побрз од, претставениот пред само неколку дена, новиот Tesla Rodster бидејќи забрзува од 0 до 100 km/h за 1,8 секунди (кај моделот на Tesla -1,9 секунди).
Компанијата вели дека ова е првиот автомобил во оваа класа кој ќе се користи како за стандардни патишта, така и за тежок терен. Должината на изведбата е 4.000 mm, ширината 1.800 mm и висината е 1.300 mm. Тежината е точно 1.500 килограми. Моделот е опремен со 4 електромотори кои нудат еден мегават моќност – 1.360 КС и 1.720 Nm вртежен момент. Тие се напојуваат со 52 kWh батерии, кои се развој на тајванската компанија. Батеријата се состои од 100 модули, од кои секој има по 42 литиум-јонски клетки. За акумулаторите од XING Mobility е патентирана специјална шема за ладење – тие се ставени во посебна високопроводна течност која ги лади уште ласерските и компјутерските системи на автомобилот. Исто така, е развиена посебна заштита од бариери.
Забрзувањето од 0 до 100 km/h кај Miss R трае 1,8, а до 200 km/h – 5,1 секунди. Растојанието од ¼ милја (402 метри) го минува за 8,7 секунди. Максималната брзина е 271 km/h, а со едно полнење на батеријата достигнува 250 km. Автомобилот е опремен со амортизери кои се полни со течност. Под влијание на електромагнетно поле, таа ја менува својата густина и тоа влијае на перформансите на адаптивната суспензија. Моделот доби и неколку електронски режими и систем за контрола на удар на четири тркала.
Од компанијата ветуваат дека ќе стартуваат со производство на автомобилот во 2018 година. Продажбата ќе стартува една година подоцна, а едицијата ќе биде ограничена на само 20 примероци. Почетната цена е еден милион долари.