Мистериозен електричен Duster
Во близина на арктичкиот круг беше забележана нова и невообичаена изведба на компактниот романски SUV, кој можеби го навестува движењето на брендот кон современиот автомобилски тренд
Невообичаената Dacia Duster беше уловена од објективот на шпиунските фотографи во близина на арктичкиот круг. Тие го идентификуваа овој автомобил како целосно електричен, додека пак според каросерискиот изглед и вградените делови, тој навистина наликува на тркачки SUV.
Она што јасно се забележува е дека ова дефинитивно требало да биде таен тест, со оглед на фактот дека автомобилот нема никакви регистарски таблички. Потоа, тука е и издолжениот изглед на телото, со цел да се вклопи во поголемото меѓуоскино растојаните, што всушност покажува дека главниот акцент на ова тестирање е насочено кон некоја нова технологија и подесување, а не на можниот електричен погон.
Од спортските имплементирани делови, на листата се вбројува системот за брзо ослободување на поклопецот и задната врата, сет на тркачки седишта, како и заштитниот кафез. Исто така, тркачките акценти се забележани и кај системот за потпирање, кој се состои од предни Brembo сопирачки и Renault Alpine задни сопирачки.
Една од теориите околу овој мистериозен Duster е дека можеби Renault тестира нов тркачки автомобил за Andros Trophy, тркачки шампионат на мраз. Тука постои и опцијата дека овој електричен компактен SUV се спрема за учество во категоријата на Andros Trophy Electrique, која претставува прва електрична тркачка серија во светот.
Без разлика дали оваа прототипна Dacia е поврзана со почетокот на електрификацијата на овој бренд, бидете уверени дека на крај романскиот производител ќе ја започне продажбата на електрични возила.