fbpx

Mitsubishi останува во Европа благодарение на Renault

Јапонската марка Mitsubishi сепак ќе остане на Стариот континент и тоа со голема помош на француски Renault, со кого ќе го зајакне партнерството

Раководството на Mitsubishi во јули минатата година најави дека во целост ќе се повлече од Европа и ќе се насочи кон азиските пазари. Но, ситуацијата почна да се менува, па најпрво кон крајот на минатата година се даваа назнаки дека јапонската марка сепак би можела да остане на Стариот континент со еден модел, додека во февруари годинава беше најавен пресврт во ситуацијата. Сега, според пишувањата на голем број европски медиуми, Mitsubishi попушта под притисокот на своите партнери од алијансата Renault и Nissan и дефинитивно ќе остане присутен во Европа.

Но, тоа нема да биде се, бидејќи Mitsubishi ќе ја прошири и својата понуда на овие простори. Првично се најавуваше дека Renault ќе ја преземе обврската за да ги произведува новите модели на Mitsubishi, но плановите се очигледно поинакви. Имено, двете компании најавија дека јапонската компанија ќе започне со продажба на два „сестрински модели“ произведени од Renault од 2023 година. Овие два автомобили ќе ги споделуваат платформите и технологиите на Renault, но ќе се карактеризираат со „клучни разлики кои ќе ја рефлектираат ДНК-та на Mitsubishi брендот.

„Мitsubishi со задоволство ги прифаќа оригиналните модели на Renault за европскиот пазар. Mitsubishi имплементираше структурни реформи во Европа и нашата одлука за замрзнување на развојот на нови возила за европскиот пазар, најавени во јули 2020 година остануваат на сила. Сепак, договорот со Renault ќе ни обезбеди решение да понудиме нови производи развиени и произведени во Европа“, изјави Такао Като, извршниот директор на Mitsubishi.

Со овој потег, јапонскиот производител се надева дека ќе стане поконкурентен на пазарот, каде што во моментов има прилично ограничена гама на модели. асега останува нејасно кои модели на Renault ќе бидат адаптирани за потребите на Mitsubishi, но се знае дека на нив ќе им се приклучи и Eclipse Cross 3.

Поврзани вести

Back to top button