Mitsubishi се пофали со Vision Ralliart концептот
На Салонот за автомобили во Токио Mitsubishi го покажа концептот Vision кој е дел од возобновеното Ralliart семејство
По повеќе од една деценија, компанијата Mitsubishi го врати името Ralliart на мапата. Неколку месеци по официјалната најава за неговото враќање, јапонската марка подготви повеќе Ralliart проекти во вид на концепти. Оној кој привлече најголемо внимание секако е Vision Ralliart моделот.
Кога станува збор за дизајнот, Vision Ralliart концептот јасно потсетува на Outlander, со оглед на тоа дека е базиран на овој SUV модел. Компанијата го искористи слоганот „The Next, The Next Adventure“, што е своевидна најава за новитети кога станува збор за перформансни варијанти во опсегот на Mitsubishi.
Vision Ralliart концептот инстантно отскокнува во својот изглед во однос на стандардниот Outlander благодарение на футуристичките 22-инчни тркала и пошироките странични крила. Тука е и целосно покриената предна решетка со спортска шема и Ralliart беџ, редизајниран преден браник, како и нов заден браник со голем дифузер и F1 светла инспирирани од Formula 1. Mitsubishi избра мат црна нијанса за екстериерот.
Од Mitsubishi не ги открија спецификациите на електрифицираниот погон освен што истакнаа дека има поголема моќност, спортски тјунинг за контрола на сите четири тркала и унапреден капацитет на батеријата“.
Покрај концептот, Mitsubishi прикажа и низа други Ralliart проекти. Тука секако е и Outlander Ralliart Style, кој е опремен со серија на аксесоари со цел да прикаже перформансен SUV, иако станува збор само за козметички промени.
Ralliart Style трим доби и Eclipse Cross моделот, кој како и Outlander Ralliart Style, доаѓа во White Diamond боја на екстериерот со црвени акценти на екстензиите на браникот и штитниците за кал, спортски прагови и црна боја за алуминиумските тркала, задниот спојлер и капаците од ретворизорите. И покрај тоа што го добиваат Ralliart логото, овие визуелни варијанти не добиваат никакви перформансни унапредувања.