fbpx

Младите Германци не се „палат“ на автомобили

Интересот на Германците кон автомобилите се намалува покажуваат резултатите од социолошки истражувања

Ако пред само неколку години, автомобилот беше сон и симбол на успехот за Младите Германци. Денес тој се подредува на едвај деветтото место меѓу нивните цели во животот.

Резултатите од истражувањето на социолози од Институтот за демоскопија во Аленсбах, покажуваат дека возилото губи се повеќе значење во системот на вредности на Германецот. Тоа се однесува во најголем степен за младите луѓе. Просечната возраст на купувачите на нови автомобили во Германија постојано расте. Според специјалистите од Центарот за автомобилски истражувања (CAR) во Дуисбург, просечниот купувач на нов автомобил денес е со 53 години, додека во 1995 година бил со 46. Трендот се забележува уште појасно на секундарниот пазар. Каде што просечната возраст на купувачите е 45 години против, во одно на 37,5 во 1995 година.

Младите Германци

Постојано расте и старосната граница на германскиот автомобилски „парк“. Во 1995 година, процентот на автомобили стари над 4 години бил 49%, а во 2017 година тој изнесува 63%. Навистина загрижувачки, бидејки една анкета покажува дека целите на младата популација во Германија во животот се на прво место авантурите, потоа електронските уреди, здравјето, убавиот мебел …Е, дури на девето место е автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button