fbpx

Morgan го претстави својот најмоќен модел досега – Plus 8 GTR

Десет месеци по најавувањето на моделот со официјални цртежи, Morgan го комплетираше првиот од деветте примероци на Plus 8 GTR

Компанијата Morgan ја претстави специјалната серија на моделот Plus 8 GTR, за која вели дека е нивниот најмоќен автомобил досега, враќајќи го V8 моторот под хаубата. Овој модел е „лебедовата песна“ на V8 агрегатот на Morgan и следува по Plus 8 и Aero 8 од 2018 година. Овие модели требаше да бидат последните изданија со овој мотор, но британскиот производител најде начин да го врати уште еднаш, благодарение, според нив „неодамнешната достапност на неколку Plus 8 шасии“. Како потсетник, Plus 8 беше произведуван меѓу 1968 и 2004, како и 2012 и 2018, а сега се враќа за 2021-2022.

Morgan Plus 8 GTR

„Plus 8 GTR претставува можност за Morgan да го прослави V8 моторот уште еднаш, нешто што не го очекувавме од завршувањето на Plus 8 и Aero 8 моделите во 2018 година“, изјави Стив Морис, претседател и извршен директор на британската компанија Morgan.

Најмоќното издание за крај

V8 моторот со запремнина од 4,8 литри од BMW е тјуниран да испорача 375 КС, што е нешто повеќе од 367 КС колку што имаше претходникот. GTR исто така добива и „cannon“ спортски издувен систем со два излези и унапредена респонзивност на педалата за гас во споредба со претходниот модел. Моторот е комбиниран со шестстепен мануелец или шестстепен автоматски менувач, зависно од барањата на секој купувач, а моќноста се испраќа на задната оска.

Morgan Plus 8 GTR

Визуелно, Morgan Plus 8 GTR добива бели тркала со пет краци во тркачки стил, редизајнирани предни и задни крила рачно изработени од алуминиум, преден сплитер и тврд покрив. Во внатрешноста се наоѓаат рачно изработените инструменти, нови панели на вратите, плакета со број и опционални карбонски тркачки седишта.

Секој Plus 8 GTR ќе биде специјално изработен во соработка со сопственикот. Првиот примерок е финиширан во Yas Marina Blue Performance боја инспириран од Big Blue тркачкиот модел од доцните 90-ти. Останатите осум автомобили се веќе во производство, а неколку примероци се очекува да бидат завршени пред крајот на 2021.

Поврзани вести

Back to top button