fbpx

Morgan Plus Four CX-T е необичен „оф-роуд“ роудстер

Компанијата Morgan се приклучува во оф-роуд трендот меѓу производителите, претставувајќи го специјалниот Plus Four CX-T

Делува како изненадувачки потег за британскиот производител, меѓутоа Morgan е најновата компанија која се приклучува кон оф-роуд трендингот кој ги зафати останатите компании. Причина за тоа е претставувањето на Morgan Plus Four CX-T кој се одликува со низа унапредувања со кои роудстерот станува навистина способен да се справи со необичните терени. Овој модел ќе биде ограничен на само осум примероци, а секој од нив ќе чини 170.000 фунти.

Пред се, Morgan Plus Four CX-T добива надворешен безбедносен кафез кој е поставен над просоторот за совозачот, како и дополнителните светла кои се монтирани на покривот. На двете предни крила се наоѓаат и торби за складирање на товар.

Morgan во целост го промени задниот дел на автомобилот со цел да креира простор за складирање доволно голем за да може да собере две резервни тркала. Овој простор исто така пристигнува со два водоотпорни Pelican куфери за багаж, алуминиумска кутија за алат и два контејнери за гориво од по 11 литри.

За да се справи со „оф-роуд“ предизвиците, Morgan Plus Four CX-T добива модифициран Plus Six систем на потпирање кој ја проширува трагата на задните тркала. Возилото се одликува со 230 милиметри клиренс, а Morgan направи и низа модификации на системот за потпирање со цел да се зголеми издржливоста на самиот автомобил и полесно да се совладуваат нерамните терени. За дополнителна безгрижност е задолжена металната заштита под возилото, а променета е и изработката на издувниот систем со цел да се подобри појдовниот агол.

Автомобилот користи 2,0-литарски турбо четирицилиндричен мотор на BMW кој испорачува 255 КС. Morgan исто така го инсталираше и BMW X-Drive електронскиот заден диференцијал со специјален софтвер, а постојат три режими – Road, All Terrain и All Terrain Extreme.

Morgan веќе прима нарачки за својот специјален CX-T модел, а сите осум примероци ќе ги произведе до крајот на годинава.

Поврзани вести

Back to top button