fbpx

Шпанска доминација во Брно во чест на Анхел Нието

Актуелниот шампион Марк Маркез победи на трката за ГН на Чешка на патеката во Брно и се зацнрсти на чело на генералниот пласман

Актуелниот шампион Марк Маркез победи на трката за ГН на Чешка на патеката во Брно и се зацнрсти на чело на генералниот пласман. На подиумот се најдоа и неговиот клупски колега, Дани Педроса и возачот на Yamaha, Маверик Вињалес. Шпанското трио го посвет триумфот на починатата легенда Анхел Нието.

Уште на стартот беше јасно, на мократа патека, дека во преден план ќе бидат тактичките способности на возачите и нивните тимови.

Маркез и Honda реагираа најумешно, откако предвидоа дека патеката брзо се суши и дека нема логика да се вози на гуми за влажно како што започна истата. Инаку Маркез не делуваше премногу сигурно во првите кругови и брзо падна на седмото место. Но, реши да ризикува и прв влезе во боксот за да го промени моторот кој беше подготвен за сува патека.

Ова се покажа како полн погодок за Маркез кој имаше мали проблеми во првите два круга со гумите за суво, но откако се прилагоди на темепературата и условите, почна да вози 10 секунди побрзо по круг во однос на ривалите. Останатите возачи, меѓу кои Вињалес, Роси и Довициозо влегоа предоцна во боксот да ги заменат моторите, а тоа само ги принуди да се потрудат повеќе од што треба да да остварат добар резултат.

На крајот сепак Дани Педроса заврши втор зад својот тимски колега, додека двоецот на Jamaha, Вињалес и Роси се избори за трето, односно четврто место. По денешниот расплет на настаните, Маркез ја зголеми предноста во генералниот пласман која сега изнесува 14 бода во однос на Вињалес, 20 во однос на Довициозо кој заврши петти, односно 22 во однос на Роси.

Лидерот во категоријата Moto3, Хоан Мир, го зголеми водството против директните конкуренти со победа во Чешка.

Тој ја заврши трката со 44: 41.314 минути пред Романо Фенати, кој заостана за 0.350 секунди, додека Арон Канет беше трет со 3.088 секунди зад лидерот, сите три возачи на Honda. Трката започна на влажен асфалт, но тркачката траекторија постепено беше формирана за да им овозможи на Мир и Фенати да ја завршат битка за првото место. Вистинската драма се водеше за третата позиција откако Канет го презеде водството од својот сонародник Хафран Гевара.

Дел од оваа трка беше и Валентино Роси, кој има свој тим во категоријата. Неговите возачи Андреа Минјо и Никола Булега завршија на 11 и 23 место. Мир сега има 42 поени предност пред Фенети во генералниот пласман, додека Канет е трет со 64 поени. Томас Лути ја освои скратената.само до шест круга, трка во класата Moto2. Тој заврши со пет секунди предност пред Алекс Маркез исто со Kalex, а Мигел Оливеира со KTM го дополни подиумот. Во првиот старт Оливеира започна најдобро, но потоа заврна дожд, следеа неколку излетувања и стјуардите решија да ја прекинат.

Трката беше продолжена според редоследот од последниот круг пред да биде истакнато црвеното знаме. Лути стартуваше како од катапулт, откако тргна седми, но влезе прв во свиокот и го остави Маркез зад себе. Лути победи на трката пред Маркез и остана пред него во генералниот пласман. Прв сеуште е Франко Морбидели со Kalex кој води со 17 поени пред Швајцарецот и си обезбеди место во највисоката класа на светскиот мотоциклизам за сезоната 2018.

Поврзани вести

Back to top button