Мотоцентар во ексклузивно партнерство со Davanti Tyres
Британската компанија започнува битка за осојување на македонскиот пазар на пневматици, преку парнерството со реномираниот центар за гуми
Со ексклузивен договор за дистрибуција, британскиот Davanti официјално се пласира на македонскиот пазар за пневматици. Мотоцентар станува официјален снабдувач, кој исто така ќе нуди и сервис за возачите преку своите специјализирани салони за гуми по територијата на земјата.
На глобалиот пазар Davanti за прв пат се појави во 2015 година, по својот тригодишен развој. Почетоците на компанијата се темелат на увидувањето на можност за креирање на идеална гума, дизајнирана со цел да се пласира на пазарот за пневматици од средниот сегмент. Со седиште во Северна Англија, брендот има значителен удел во британскиот пазар, а се стреми кон освојување и на глобалниот.
Како брзорастечки бренд, Davanti пневматиците се продавани во повеќе од триесет и пет држави на пет континенти. Ова се должи на широкиот достапен асортиман, кој вбројува повеќе од триста различни модели во гамата на летни и зимски пневматици.
Сите пневматици се дизајнирани во Британија од страна на врвен тим на искусни експерти, при што се произведени во врвни услови согласно со постојните стандарди за Е-ознаки. Сите модели се одликуваат со одлични оцени според етикетирањето на ЕУ, каде се подлежни на разни тестирања во однос на голем број критериуми, со цел да се понуди премиум перформанс.
За да обезбеди исклучителни перформанси и целосна доверба кај своите клиенти, Davanti постојано инвестира во тестирањето и развојот на своите производи. Тие можат да се пофалат со одлични резултати постигнати при тестирањата од страна на TUV SUD, Test World, Applus, IFV и Tread.
Македонскиот пазар станува нов фронт на овој бренд преку ексклузивното партнерство со Мотоцентар.
Тој ќе ја снабдува целата палета на Davanti Tyres, која вбројува пневматици наменети за мали патнички автомобили, за лимузини, за лесни комерцијални комбиња, за SUV, пневматици со ултра високи перформанси, за секаков терен Terratoura, како и зимскиот асортиман за автомобили Wintoura.
Генералниот директор на Мотоцентар, Горан Гроздоски изјави дека партнерството не само што ќе воведе свеж, возбудлив, нов бренд во Македонија, туку и ќе ја подобри безбедноста на возачите и пешаците, благодарение на напредната технологија на Davanti.
„Потрошивме многу време разгледувајќи ја палетата на пневматици на „Даванти“, нивниот режим на тестирање, нивната долготрајна издржливост и сме воодушевени. Сè што видовме и искусивме со брендот ни покажува дека палетата на гуми нуди многу напредни нивоа на перформанси, управување и кочење во секакви услови. Но, начинот на кој се развиени значи дека тие не се со претерано висока цена“, изјави Горан.
„Многу сме возбудени за ова партнерство. Мотоцентар има импресивна дистрибутивна мрежа и ги споделува нашите вредности за нудење производ со висок квалитет, кој се одликува со високи перформанси, токму кога потрошувачите имаат потреба од нив. На пазар каде се менуваат повеќе од 300.000 гуми годишно, сега имаме можност на македонските потрошувачи да им дадеме избор кој нуди безбедност, квалитет, перформанс и пристапна цена“, се надоврза генералниот директор на Davanti, Питер Крос.