Повторно инцидент Маркез-Роси, победа на Крачлоу
Во хаосот поради временските услови, закажан, па презакажан старт сепак на крајот се одржа трката за ГН на Аргентина на која триумфираше сателитскиот пилот на Honda, Кал Крачлоу, но трката сепак ја одблежа нов инцидент меѓу Маркез на Honda и Роси на Yamaha
Дека пред нас е нова возбудлива сезона во „кралската класа“ во MotoGP најави уште првата трка, а ова втората за ГН на Аргентина донесе вистинска кулминација. Хаос кај организаторите околу стартот поради невремето, неверојатна трка во која главниот збор го водеа сателистки пилоти и на крај секако нова епизода од серијалот Маркез-Роси.
Актуелниот шампион направи вистински пореметувања по оној навистина несекојдневен старт, прв пат во историјата на ова натпреварување, кој навистина никој не знаеше на крајот и да го објасни во целост зошто сето тоа се случи. А, како мирудија на сето тоа беше што Honda-та на Маркез изгасна пред да се запалат зелените светла за старт. Тој успеа да го стартува мотоциклот и иако беше опоменат да се врати во боксот застана на неговата стартна позиција.
Набрзо по ова Маркез успеа да ги надмине сите конкуренти до првата позиција и страотно форсираше. Меѓу време во аут се најде неговиот тимски колега Даниел Педроса, со кога прв Маркез имаше допир, но сепак при ова никој не настрада, за да вториот Хондин возач само неколку километри подоцна загуби контрола во контактот со Зарко.
Стјуардите решија меѓу време да го казнат Маркез со поминување низ боксот и тој се најде на претпоследната позиција. Повторно форсираше и првиот кој го истурка и му се извинуваше потоа, беше Алеш Еспаргаро на Aprilia. Во наредниот круг нов инцидент каде Маркез буквално го турна Роси во битката за шестата позиција, откако пред тоа Шпанецот го мина Довициозо.
На крајот сепак заврши петти, но за инцидентор со Докторот „заработи“ нова казна од 50 секунди, па после се остана со „кратки ракави“. Во генералниот поредок падна на 18-тата позиција. Но, најголемиот срам за него на трката беше кога влезе во боксот на Yamaha да му се извини на Роси, но Докторот едноставно не сакаше да го види!
Победата на ГН на Аргентина конечно отиде во рацете на сателитскиот пилот на Honda, Кал Крачлоу, па со неа тој поведе во шампионатот со три поени пред Андреа Довициозо и стана првиот Британец, лидер во светскиот мотоциклизам по Бари Шин од 1979 година. Нова добра трка за Французинот Јоан Зарко, кој немаше некако сили за тој толку посакуван триумф, а подиумот го комплетираше Алекс Ринс на Suzuki.