fbpx

Moже ли да се спречи трговската војна меѓу ЕУ и САД?

По челикот и алуминиумот, автомобилите од ЕУ и Германија увезени во САД може да потпаднат под нови одредби од Вашингтон, односно нови царини

Ако ЕУ одговори со иста мерка, експертите тврдат дека сме на праг на нова трговска војна?

трговска војна-Германија без потешкотии ги пласира своите модели на Mercedes, BMW и Audi, a американските производители на возила многу тешко ги продаваат своите изданија во земјите на ЕУ. За тоа се виновни неподеднаквите аршини, вели американскиот претседеател, Доналд Трамп.

– Еден автомобил при увоз во Европа од САД се царини 10% од неговата вредноста, додека за еден европски преку Океанот се плаќа само 3%.

Ова мора веднаш да се промени смета Трамп. Тој по неговото доаѓање најави посебен данок од 35% за сите увезени возила во земјата, но потоа отстапи од идејата. Но, сега вели дека време е за промени, па на Министерството за трговија на САД му наложи да провери дали увозот на автомобили ја загрозува националната безбедност. Ако ја загрозува, тогаш предлага за европските, односно германските возила да се воведе царина од 25%. Со исти аргументи Трамп ја образложи и воведената царина за увоз на челик и алуминиум.

Овие царини секако би ја погодиле германската автомобилска индустрија, Институтот IFO пресметал дека може да станува збор за загуба од пет милијарди евра, со што би се намалил германскиот домашен бруто производ за 0,16%. Навистина нема земја која не може, а да не стравува од апсолутните губитоци од ова ниво, сметаат од IFO.

трговска војна

Освен ова германските производители ќе мораат да сметаат и на поголеми трошоци за производство во погоните на САД, со што ќе пораснат цените. Дали Американците тогаш ќе купуваат странски автомобили, треба да покаже времето. Германските производители сметаат дека Трамп неправедно ги става на столбот на срамот. Тие укажуваат на тоа дека ја подржуваат американската индустрија со тоа што вработуваат 36.500 работници во погоните во САД. Кон ова 60% од автомобилите произведени преку Океанот одат за извоз, што е секако во корист на САД.

На 1 јуни истекува рокот кој Трамп го постави за воведување на казнените царини за увезениот челик и алуминиум. Тешко е да се поверува дека САД ќе ја прифати компромисната понуда од ЕУ. Имено, Европа нуди некои олеснувања доколку и Вашингтон не преземе конкретни мерки за кои се залага Трамп.

Економистите велат дека ова не е ниту толку страшно, бидејќи трговијата на алуминиум и челик меѓу ЕУ и САД е само 0,9%. Но, автомобилите се нешто друго? Ова би било само вовед во трговската спирала на војната, бидејќи Европа би вовела царини за вискито, мотоциклите, ткаенините…Потоа на потег повторно би бил Трамп, и така…

Поврзани вести

Back to top button