fbpx

Над еден милион продадени електрични возила во Европа

Бројот на продадени електричните автомобили во Европа во првата половина на годинава надмина 1 милион, а до крајот на 2018 година се очекува да достигне 1,35 милиони

Ова го покажуваат анализите на шведската компанија за истражување EV-Volumes. Продажбата на електромобили (целосно електрични и хибриди) се зголемиле за 42% во овој период, или 195.000 единици. И растот во вториот квартал е поголем – ако во првото бил 40%, во вториот се зголемил за 45%. И покрај значителниот пораст, електричните возила сè уште имаат само 2 %од уделот на пазарот во Европа.

Европски лидер во продажбата на автомобили останува Норвешка.

Во првата половина од годината биле продадени 36.500 единици, што е за 32% повеќе од претходната година. На второ место е Германија, а се очекува дека до крајот на годината најголемиот европски пазар на автомобили ќе ја надмине Норвешка, а третото место го зазема Британија.

Со раст во реализацијата од импресивни 112% во втората четвртина на 2018 година, господар на електрифицираните автомобили на европскиот пазар е првиот во светот масовен електромобил- Nissan LEAF. Според податоците на EV-Volumes, во првите шест месеци од годинава продажбата на Nissan LEAF во Европа достигна ниво од 18.080 единици, што претставува зголемување од 58% во однос на првото полугодие на 2017 година.

Европа

На второ место со раст од 1%, или 17.394 единици е Renault ZOE, а на трето е BMW i3 со подобрување од 10% – 11.348 единици. Во Топ 10 на најпродаваните електрифицирани автомобили во Европа во првата половина на 2018 година влегуваат исто така Mitsubishi Outlander PHEV (-2%, 9.771), VW e-Golf (+ 160%, 9.820), Tesla Model S (+ 14% , 7.700), VW Passat GTE PHEV (+ 19%, 7.390), BMW 530e (+ 269%, 5.825), Volvo XC60 PHEV (+ 988%, 6.587) и VW Golf GTE PHEV (+ 83%, 5.939).

Податоците на EV-Volumes покажуваат дека бројот на достапните електрифицирани модели во Европа се зголемил за 5 позиции до 56 за последната година, а 27 од пазарните предлози се целосно електрични автомобили.

Кај брендовите, со најголем успех на пазарот на електрифицирани автомобили во Европа за првото полугодие може да се пофали BMW со 35.450 реализирани автомобили (+ 29%), прeд VW со 33.700 (+ 44%), Renault 21.400 (+ 10%), Nissan 19.300 (+425) и Daimler 18.800 (+ 35%). Агенцијата го потенцира извонредно брзиот раст на ова поле на Hyundai-Kia со 234% и Volvo со 164%.

Поврзани вести

Back to top button