Најдобро продаваните брендови и модели во Европа во месец мај
Последните податоци на агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека пазарот на нови автомобили во Европа задржува стабилна позиција втор месец по ред
Последните податоци на агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека пазарот на нови автомобили во Европа задржува стабилна позиција втор месец по ред, земајќи ги во предвид новите 1,44 милиони регистрации или 0,2% повеќе во споредба со мај минатата година.
Главниот мотор на европскиот пазар во мај продолжуваат да бидат SUV моделите, кои имаат зголемување од 10% или 534.700 возила. Уделот на пазарот на овие повеќенаменски автомобили сега изнесува 37,2%.
Од JATO истакнуваат дека покачување има и во сегментот на електрифицирани автомобили (електрични, plug-in хибриди и хибриди), од кои во мај има 94.000 нови регистрации. Најсложеното зголемување на побарувачката за сите електрични модели – од 12.300 во мај 2018 година на 22.300 во изминатиот месец, е моделот Renault Zoe.
Со најмногу нови регистрации во мај завршува Volkswagen- 158.282 единици, по што се подредуваат Renault со 97.913 и Peugeot со 89638. Во ТОП 10 влегуваат исто така Ford (88.078), Opel / Vauxhall (82.328), Mercedes (80.562), BMW (76.021), Audi (71.071), FIAT (70.404) и Skoda (69.218).
Иако со намалување од 11,8%, Volkswagen Golf го задржува својот статус како најпопуларниот нов автомобил во Европа. Потоа следи Renault Clio (32.803, + 3.2%), а изненадување има на третата позиција каде е Dacia Sandero (22.234 + 3.3%).