fbpx

Викенд Тарифа: Најголемиот конвој од автономни автомобили (Видео)

Конвој од 55 автономни автомобили од кинескиот производител Changan Automobile го направија рекордот за најголемиот конвој од автономни автомобили

Автомобилскиот конвој ја заврши рутата од 3,2 километри за 9 минути и 7 секунди. Конвојот патуваше со 30км/ч и секој SUV беше одделен еден позади друг со растојание од 2 автомобила. Првичниот конвој се броеше од 56 SUV автомобили, но откога почна тестот еден од возачите беше дисквалификуван бидејќи за време на рутата, возачот земал контрола врз автомобилот.

Најинтерсниот дел од рекордот е што Changan тврди дека сите возачи кои беа одбрани за возењето воопшто немале контакт со нивниот автономен систем односно им бил сосема непознат.

Потребни беа 2 модификации на автономниот систем на автомобилите. Првата промена која ја направиле е подесување на сензорите за попрецизно следење на лентата и на автомобилите пред самото возило. Со втората модификација го намалија потребното растојанието на автомобилите за разлика од нормални сообраќајни услови.

Поврзани вести

Back to top button