Најмалиот електричен SUV на Audi само во Кина
Audi Q2 L E-Tron ќе биде најмалиот електричен SUV на компанијата, кој ќе биде достапен само за кинескиот пазар
Планот на германскиот производител за електрификација на целиот свој спектар на модели, го вклучува и малиот компактен Q2 SUV, кој треба да добие целосен E-Tron третман. Ова беше најавено кон крајот на изминатата година, кога компанијата соопшти дека ќе понуди целосно електрична верзија на Q2, специјално за кинеските потрошувачи.
Од тогаш, ова е втор пат да се забележи тестирањето на прототипната варијанта на овој модел, каде првиот пат камуфлираниот Q2 можеше да се забележи по германските патишта. Овој пат, тест автомобилот е уловен малку посеверно, каде се вршат испитувања при поладни временски услови.
За разлика од производната верзија на Q4 E-Tron која ќе се базира на архитектурата MEB наменета само за електрични возила, новиот Q2 L E-Tron ќе користи репроектирана верзија на стандардната Q2 платорма, каде електричниот мотор ќе биде поставен во предниот дел, а батерискиот пакет најверојатно ќе лежи под патничката ќелија.
Надворешните измени вклучуваат сет редизајнирани браници, променета предна решетка во стилот на поголеите E-Tron, како очигледното отсуство на издувните цевки. Што се однесува до спецификациите на компактниот електричен SUV, Audi се уште нема објавено детали околу погонските карактеристики, но во претходните извештаи беше напоменато дека престојниот модел ќе има возен опсег од околу 500 километри со само едно полнење.
Според последната изјава, компанијата планира да понуди 12 нови електрифицирани модели до крајот на 2020 година, при што ќе бидат додадени уште шест хибридни модели во оваа година. Како модел за 2020 година, новиот Q2 L E-Tron се очекува да биде лансиран во Кина оваа година и да се продава заедно со поголемите E-Tron модели.