Новиот Golf R ја темпира формата на Нирбургринг
Најновата генерација на пефромансниот Golf R е снименa за време на тестирањата на познатата тркачка патека во Германија
Volkswagen кон крајот на февруари ги претстави најновите изданија на GTI, GTD и GTE, трите нови верзии на Golf 8, а следната спортска варијанта која е во подготвка воедно е и најмоќна. Новиот Golf R првично требаше да дебитира во текот на летото на Goodwood фестивалот на брзината, но пандемијата на коронавирусот направи сериозни проблеми и ги промени плановите на Volkswagen кога станува збор за новиот модел, па според некои информации, Golf R ќе дебитира кон крајот на годината..
Во меѓувреме, германскиот гигант не губи време, па така претопродукциската верзија на Gоlf R е снимена за време на тест возењата на Нирбургринг. На почетокот се претпоставуваше дека новата генерација на Golf R ќе се напојува со 2,5-литарски турбо-бензинскиот мотор од Audi A3 Sportback, но на крајот од Volkswagen сепак се одлучија за четирицилиндерски 2,0-литарски мотор со околу 330 КС.