Најпродавани автомобили во 2017 година
Според прелиминарните податоци на Focus2Move, продажбата на нови автомобили во изминатата календарска година достигна 94,5 милиони единици или околу 2% повеќе отколку во 2016 година
Од Focus2Move коментираат дека најверојатно по неколку години најдобро продаваниот автомобил во светот ќе биде SUV модел, но сепак во моментов овој епитетот го задржува и останува на челната позиција и за 2017 година Toyota Corolla со резултат од 1.224.990 продадени единици и пад на побарувачката од 6,6%.
Челната тројка е оформена од Ford F-Series со раст во однос на 2016 од 8,7%, или пласирани 1.076.551 единици и Volkswagen Golf со пад од 3.5%, односно 952.826 единици.
Во Топ 10 на најпродаваните автомобили во 2017 година се уште Honda Civic со раст од 21,7% или 819.005 единици, Toyota RAV4 (+ 11%, 807.401), Honda CR-V (-0.4%, 748.048), Volkswagen Tiguan (+ 34,5%, 703.143), Ford Focus (-6,3%, 671.923), Chevrolet Silverado (660.530) и Volkswagen Polo (-6,6%, 656.179).
Со импресивни подобрувања во пазарот во 2017 година можат да се пофалат модели како Mercedes GLC (+ 94,6%), Jeep Compass (+ 90,6%), Hyundai Creta (+ 68,5%), Subaru Impreza (+ 53,1%), Mitsubishi Outlander (+ 51,2%), Citroen C3 (+ 39,6%), Renault Megane (+ 33,4%), BMW X1 (+ 30,4%) …