fbpx

Најпродавани марки и модели во Европа во ноември

Според податоците на JATO Dynamics за изминатиот месец, продажбата на нови автомобили во Европа се зголеми за 5.2% до ниво од 1.250.281 единици

SUV изданијата се најпопуларните изданија и во ноември, а статистиката вели дека нивната побарувачка се зголеми за импресивни 21,6%. или речиси 400.000 единици. Уделот на пазарот на овие повеќенаменски возила се зголеми од 27,6% на 31,9% во однос на октомври.
JATO Dynamics
Во Топ 10 на најдобро продаваните брендови во Европа и во ноември на лидерската позиција е Volkswagen со минимален раст од 0,6%, или пласирани 129.692 единици. Марката евидентира пад во реализацијата за перодот од почетокот на годината, минимално, но сепак, резултатот е негатива од 0.7% или 1.567.748 возила. На второ место како за ноември, така и 11-те месеци од годинава е Renault со 97.978 (+ 3.5%) и 1.040.268 (+ 5.4%), а на трето е Ford со 81.952 (+3.4 %) и 977.322 (+ 0.1%). Во Топ 10 најдобро продаваните брендови се: Peugeot, Mercedes, Opel/Vauxhall, BMW, Audi, Škoda и Toyota.

Во рангирањето на најпродаваните модели во Европа, во ноември, на челната позиција е Volkswagen Golf со раст од 18,4%. или 44.777 единици . Од стартот на годината имаме пад од 2%, или 445.206 единици, но сепак Фолксвагеновиот бестселер и натаму е лидер и во ова рангирање. Во првите три за изминатиот месец влегуваат Renault Clio со намалување од 5.9% или 26.411 единици, но сепак раст од 5,9%, односно 298.990 за периодот од почетокот на годината, па Peugeot 208 со соодветно индикатори од + 17,3%, односно 21.513 и -2.4 %, или 225.198.

Од JATO Dynamics коментираат дека иако Golf ја задржа лидерската позиција, со сериозно пазарно подобрување во ноември можат да се пофалат Peugeot 3008, Opel / Vauxhall Crossland X, Peugeot 5008 и Škoda Kodiaq.

Поврзани вести

Back to top button