fbpx

Најскапата новогодишна декорација – Bugatti La Voiture Noire

Најголемиот дел од божиќните и новогодишните базари ширум Европа се откажани поради пандемијата, вклучително и оној во Молсхајм, домот на Bugatti

И покрај ситуацијата со коронавиусот, која наметнува нови рестриктивни мерки во Европа, вклучително и откажување на традиционалните божиќни и новогодишни базари во Европа, Bugatti одлучи да ги прослави зимските празници користејќи го својот La Voiture Noire како исклучително скапа новогодишна и божиќна декорација во градот Молсхајм, Франција.

Поставен во стаклен контејнер, овој уникатен и единечен хиперавтомобил, кој беше продаден за 11 милиони евра без даноци, е изложен веднаш до новогодишната елка во францускиот град.

Bugatti

„Многу сум благодарен на Bugatti за овој прекрасен подарок за нашиот град. Сега сите жители на Молсхајм имаат мошне специјална шанса да се восхитуваат на ова уникатно ремек-дело, моделот La Voiture Noire, со кој Еторе Бугати со сигурност би се гордеел многу“, изјави градоначалникот на Молсхајм, Лорен Фурст.

„Ништо не може да го замени божиќниот базар во Молсхајм. Сепак, за нас е важно да донесеме радост кај луѓето од регионот во овие тешки времиња“, изјави Кристоф Пиокон, директор за производство и логистика во Bugatti.

Bugatti

Bugatti La Voiture Noire беше претставен на минатогодишното издание на Салонот во Женева и ја одбележува 110-годишнината на брендот и оддава почит на легендарниот Type 57 SC Atlantic од Жан Бугати, кој беше загубен на почетокот од Втората светска војна и никогаш не е пронајден.

Со својата рачно изработена сјајно црна карбонска каросерија, го користи истиот погон како Chiron и Divo, а се карактеризира со препознатливиот квад-турбо 8,0-литарски W16 мотор кој испорачува 1.500 кС и 1.600 Nm максимален вртежен момент.

Поврзани вести

Back to top button