fbpx

Милано 2021: Најважните новитети на EICMA 2021

Годинешното издание на EICMA донесе голем број новитети меѓу конвенционалните и електричните мотоцикли и мопеди

Најголемиот Салон за нови мотоцикли EICMA, кој се одржува во Милано, беше повод и причина за најголемите производители и брендови на мотоцикли и мопеди да ги прикажат своите новитети. На сцената на EICMA се појавија Ducati, Honda, Yamaha, Suzuki, Italjet, Moto Guzzi како и Piaggio, Kymco, Benelli, Vespa, Aprilia и голем број други компании.

Најпознатите брендови ги претставија своите новитети, редизајнирани модели, концепти и прототипи, а најважните од нив ги издвојуваме во прилог.

Moto Guzzi V100 Mandello

Moto Guzzi изминатиот период го посвети на прослава на 100-годишнината на брендот. Со претставувањето на новиот V100 Mandello спорт-турер, компанијата сега се фокусира на следните 100 години. По месеци чекање, брендот ги откри комплетните спецификации и детали за својот најнапреден модел.

V100 Mandello се одликува со литарски трансферзално поставен V-twin мотор. Овој мотор со запремнина од 1.042 кубни сантиметри испорачува 115 КС и 105 Nm максимален вртежен момент.

Moto Guzzi V100 Mandello | Eicma 2021 
Moto Guzzi V100 Mandello | A view of the all-new Moto Guzzi V100 Mandello 
Moto Guzzi V100 Mandello | EICMA 

    Honda ADV350

    Макси-скутерите секогаш се интересни за купувачите. Во Honda се свесни за сето ова, па во својата постава го додадоа и ADV350 моделот. Покрај препознатливиот комфор кој го нудат овие мотоцикли, моделот на Honda нуди и доза на авантуризам.

    Моделот се напојува со 330цц моторот на Honda, со водено ладење и директно вбризгување на гориво со еден цилиндар. Опремен со Smart Power+, моторот испорачува 29 КС и се одликува со HSTC системот на јапонската компанија. Робусната изработка дава авантуристички изглед, а LED светлата му дава доза на софистицираност на моделот.

    Honda ADV350 | Honda ADV 350 EICMA 
    Honda ADV350 | EICMA 

      MV Agusta Lucky Explorer Project 9.5 и 5.5

      Двата Lucky Explorer Project авантуристички модели на италијанскиот производител ја доживеаја својата премиера на годинешното издание на EICMA. Моделите со име 9.5 и 5.5 силно си налкуваат на површината, но се драстично различни под „кожата.

      Lucky Explorer Project 5.5 е развиен од MV Agusta во партнерство со QJ Motors. Се напојува со 554цц водено ладен, четиритактен, двоцилиндричен мотор кој испорачува 47 КС при 4.700 вртежи во минута, како и 51 Nm максимален вртежен момент при 5.500 вртежи во минута, во комбинација со шестстепен менувач.

      Од друга страна, 9.5 верзијата е сосема друга приказна и го добива новоразвиениот 931цц воденоладен четиритактен мотор на MV Agusta, за кој компанијата вели дека е развиен специјално за овој модел. Конфигурацијата испорачува 121 КС при 10.000 вртежи во минута, како и 102 Nm при 7.000 вртежи во минута. Зависно од потребите, можете да изберете шестстепен менувач или Rekluse спојка која MV ја нуди некои од своите други модели.

      MV Agusta Lucky Explorer 9.5 | MV Agusta, Lucky Explorer Project 9.5: modello, progetto, caratteristiche, informazioni, EICMA 2021 
      MV Agusta Lucky Explorer 5.5 |
      MV Agusta Lucky Explorer 5.5 |

        Kawasaki Ninja 2022

        Јапонскиот производител ја искористи EICMA за да ја претстави унапредената верзија на Kawasaki Ninja H2 SX SE. Новиот модел пристигнува со ARAS системот со адаптивен темпомат (ACC), предупредување за преден судир (FCW) и детекција на слепа точка (BSD). Ninja H2 SX SE исто така добива и нови LED фарови и нов дел на горниот дел од управувачот каде се поставени сите нови радарски единици. Овој спорт-турер добива и TPMS и VHA системи, а возачите можат да пристапат до функциите преку 6,5-инчниот TFT екран во боја.

        Kawasaki Ninja H2 SX SE 2022 | Kawasaki Ninja H2 Sx Se, nel 2022 arriva il radar - Il Sole 24 ORE 
        Kawasaki Ninja H2 SX SE 2022 |

          Kawasaki Versys 650/650 LT и KLX230 SE

          Покрај освежената Ninja, Kawasaki ги прикажа и двата долгоочекувани нови модели Versys 650 и Versys 650 LT. Напојувани од 649цц двоцилиндричен агрегат, новиот агрегат на Versys испорачува извонреден максимален вртежен момент и мазно забрзување. Новите карактеристики се Kawasaki Traction Control, TFT со конективност за паметен телефон, нова изработка на телото, LED фарови и слично. Помоќниот LT модел пристигнува со сето ова, плус USB приклучок, штитници за рака, повисока шофершајбна и 28-литарски KQR багажен сет.

          Од друга страна, се враќа и KLX 230, кој е опремен со оф-роуд додатоци од Kawasaki. Оптимизиран за оф-роуд авантури, KLX230 SE доаѓа комплетиран со штитници за раце, заштита за подвозјето, црни тркала и нова специјална боја. Напојувањето и понатаму доаѓа од 233цц воздушно ладениот мотор кој е препознатлив за сите љубители на Kawasaki.

          Kawasaki Versys 650 LT | EICMA 2021 – Kawasaki Versys 650, looks like a 1000 - D1SoftballNews.com 
          Kawasaki Versys 650 LT | EICMA 

            Benelli Leoncino 125 и TRK 800

            Годинешното издание на EICMA го искористи и Benelli за да го прикаже новиот Leoncino 125, како и долгоочекуваниот TRK 800. Двата мотоцикли го следат стајлингот на своите „семејства“ на модели. Leoncino 125 се напојува со 125цц воденоладен, четиритактен, мотор со еден цилиндар и четири вентили со електронско вбризгување на горивото и е во комбинација со шестстепен менувач. Моќноста изнесува 12,8 КС при 9.500 вртежи во минута и 10 Nm максимален вртежен момент при 8.500 вртежи во минута.

            За оние кои се во потрага по авантуристички мотоцикли, Benelli конечно го прикажа TRK 800. Се напојува со истиот 754цц четиритактен мотор кој се наоѓа кај Leoncino 800 и испорачува 76,2 КС и 67 Nm максимален вртежен момент со шестстепен менувач. TRK 800 добива и 7-инчен „фул колор“ TFT екран, подесувачко предно стакло, штитници за рацете и Full LED фарови со дневни светла.

            Benelli Leoncino 125 | Benelli a EICMA 2021. Arrivano importanti novità - Smanettoni.net 
            Benelli TRK 800 |

              Aprilia SR GT 125 и 200

              Aprilia го лансираше својот најнов модел на авантуристички скутер, наречен SR GT кој пристигнува во верзија со 125 и 200 кубни сантиметри. SR GT 125 се напојува со 125цц мотор со еден цилиндар и испорачува речиси 15 КС при 8.750 вртежи во минута, како и 12 Nm при 6.500 вртежи во минута. Од друга страна, SR GT 200 доаѓа со 174цц мотор и испорачува 17,5 КС и 16,5 Nm. Меѓу останатите карактеристики кај двата мотоцикли се LED фаровите, спортското предно стакло и широк управувач. Тука е и целосно дигиталната LCD единица која се користи за MIA конекцискиот систем.

              Slide 1 | Aprilia Racing  
              Slide 2 |
              Slide 3 | EICMA

                Поврзани вести

                Back to top button