Намалување на емисиите на CO2 од камионите
Европската Унија се согласи до 2030 година да се намалат емисиите на штетни гасови од новите камиони и автобуси за 30 проценти
Ројтерс известува дека Европскиот парламент и Советот се согласиле на овие промените во вторникот. Во соопштението се вели дека ќе се постави привремена цел за намалување на штетните гасови за 15 проценти до 2025 година, со што ќе се стимулираат производителите.
“За прв пат се поставуваат обврзувачки цели за намалување на CO2 за камиони на ниво на ЕУ, вклучувајќи јасен стимул за производство на камиони со нула и ниска емисија”, рече пратеникот на Бас Еикхут, член на Европскиот парламент.
ЕУ во моментов нема ограничувања на емисиите на CO2 на тешките возила. Камионите опфаќаат 5 проценти од возилата на патиштата, но емисијата на CO2 од тој процент на возила е 22 проценти. На ова европските производители одговорија дека за да се постигне оваа цел потребно е подобрување на инфраструктурата на станиците за полнење, бидејќи во моментов тешко достапни се и станиците за полнење на гориво за камиони кои се напојувани од природен гас.