Namosyn проект за истражување на употребата на синтетички горива
Namosyn проектот ги истражува синтетичките горива и употреба кај моторите и ќе развие нов процес за производство на е-горива и концепти за нивна употреба
Конзорциумот „Одржлива мобилност преку синтетички горива” (Namosyn) вклучува универзитети, Fraunhofer институти, големи истражувачки институти и индустриски компании. Проектот, кој е предводен од Мрежата за хемиско инженерство и биотехнологија (Dechema), има за цел да ги синтетизира горивата за бензински и дизел мотори и да ги тестира во пракса.
Проектот ќе развие нови процеси за производство на е-горива. Истите ќе бидат тестирани во различни мешавини, за испитување на нивните својства на согорување во моторите, во реални и лабораториски услови. Тестовите на моторот, исто така, ќе вклучуваат компатибилност на моторот, заптивките и спроводливите компонентите што го носат новото гориво. Во случај на е-горива за дизел мотори, исто така, се испитува прашањето за евентуално доградување со компоненти оптимизирани за OME (оксиметилен диметил етер) горива.
Покрај тоа, треба да се развијат концепти за имплементација во постоечките системи. Со употреба на анализата на животниот циклус, употребата на синтетичките горива (гориво направено од јаглен, нафтен шкрилец итн. како замена за нафтен производ) ќе се оценува за одржливоста, компатибилноста со животната средина и потенцијалот за намалување на CO2 во целиот процес. Namosyn започна во 2019 година и ќе биде финансиран следните три години од страна на Германското федерално министерство за образование и истражување.