fbpx

NAS-E е електрична верзија на легендарниот Defender

Британскиот тјунер Twisteed го подготви електричното возило NAS-E, базирано на северноамериканската верзија на стариот Land Rover Defender

Twisted Automotive е специјализирана тјунинг компанија за Land Rover Defender базирана во Велика Британија, а позната е по тоа што старите верзии на Defender ги надоградува со луксузен ентериер, унапреден погон и технологија. Повеќето од возилата кои ги ревидираат го задржуваат фабричкиот дизел мотор, но сега компанијата најави ограничена серија од 30 целосно електрични верзии на старата северноамериканска верзија на Defender со скратено меѓуосовинско растојание. Овој автомобил ќе биде достапен само во САД, но Twisted наведти дека NAS-E можеби подоцна ќе се продава и на глобално ниво, но повеќе детали за тоа ќе бидат објавени веројатно во следниот период.

Како и да е, Twisted NAS-E се напојува со Remy BorgWarner електричен мотор со 214 КС и 380 Nm вртежен момент, односно 320 КС и 420 Nm во помоќната NAS-E Plus варијанта. Автономијата со едно полнење на батеријата со капацитет од 60 kWh изнесува околу 322 километри. Цената за NAS-E изнесува 185.000 долари, односно 210.000 долари за помоќната NAS-E Plus варијанта.

Според Twister, овие електрични Defender модели се уште поспособни во однос на стандардните модели на кои што се базирани. Оф-роуд способностите се засилени, велат тие, преку компонентите направени по нарачка за системот за потпирање, тркалата, гумите и сопирачките. Во понудата за NAS-E се наоѓаат три бои – Maliby жолта, Yosemite зелена и Tahoe сина, а доаѓаат и со соодветен изглед на внатрешноста.

NAS-E

Кога станува збор за ентериерот, со оглед на цената, нормално е да се очекува луксуз. Така, овие автомобили пристигнувата со Alston кожни седишта, модерен инфозабавен систем, три режими на возење (Sport, Eco и Off-Road), како и меки и квалитетни материјали во кабината. Тука е и Twisted спортскиот управувач, заштитниот кафез и Bimini хаубата. Според најавите, првите примероци ќе бидат комплетирани во октомври оваа година.

Поврзани вести

Back to top button