fbpx

Наследникот на Opel Grandland ќе биде целосно електричен, доаѓа следната година

Базиран на платформата STLA Medium, следната генерација на Grandland ќе влезе во производство во втората половина на 2024 година

Opel Grandland ќе добие целосно електричен наследник откако Stellantis ги објави плановите за инвестиција на над 130 милиони евра во фабриката за склопување во Ајзенах во Германија за да го изгради кросоверот.

Производството е планирано да започне во втората половина на 2024 година, а наследникот на Grandland ќе се базира на целосно новата платформа STLA Medium. Компанијата не сподели детали, но архитектурата може да се користи за да се поддржат возилата кои се долги приближно помеѓу 4.200 и 5.000 милиметри. Тие исто така можат да сместат батерии со капацитет од 87 до 104 kWh и тоа овозможува домет 700 километри според WLTP циклусот.

Иако нема информации за спецификациите во овој момент, Stellantis претходно изјави дека возилата базирани на STLA-Medium платформата ќе се нудат со моќност од 170 КС до 449 КС. За споредба, сегашниот Grandland нуди бензински, дизел и plug-in хибридни опции со моќност која се движи од 130 КС 300 КС.

Извршниот директор на Opel, Флоријан Хуетл, ја поздрави веста и рече: „Ние градиме возила со врвен квалитет овде во Тирингија веќе 31 година и континуирано ја подобруваме нашата конкурентност. Ќе останеме на овој јасен пат со електричниот наследник на Opel Grandland. Тој додаде: „Оваа одлука е уште еден важен чекор за Opel на патот кон декларираната цел да биде чисто електричен бренд во Европа до 2028 година“.

Поврзани вести

Back to top button