Нема да има наследник на Beetle!
Крај на шпекулациите! Volkswagen не планира да лансира нова генерација на легендарниот модел Beetle
Информациите доаѓа лично од шефот на развојниот оддел на Германците, Франк Велш, кој ја коментираше иднината на возило за изданието на Autocar, за време на салонот во Женева. Мотивите на фирмата се јасни, макар и да не се објавени директно од Велш. Според неговите зборови „две или три генерации на Beetle се доволни”, но всушност зад одлуката се кријат слабите продажби на сегашната изведба на возилото.
Практично Beetle е најстариот модел на Volkswagen во глобалното портфолио на моделот, односно сегашната генерација беше лансирана во 2011 година, речиси 15 години откако брендот одлучи да ги врати во живот легендарното име. Местото на „бубата“ ќе биде целосно електричен модел кој ќе биде под влијание на класичниот развој на фирмата.