fbpx

Необична модификација на Bentley Bentayga

Британското студио Kahn Design е познато во целиот свет со своите неверојатни подесувања. Тие претставија така за Bentley Bentayga, а велат инспирацијата била од шлемот на Дарт Вејдер.

Новиот Bentley Bentayga од Kahn Design се издвојува со својата мат црна боја и специјалната решетка. Подесувањето на теренецот вклучува, аеродинамичен комплет од карбон и 23-инчни тркала со гуми со низок профил 295/35 R23.

Каросеријата е спуштена, иако воздушното потпирање овозможува подигнување на клиренсот. Салонот привлекува со својата скапа природна кожа во црна боја. За основа на тјунинг проектот е земен Bentley Bentayga V8, 4.0 литарски турбо мотор со моќност од 550 коња. Теренецот забрзува од место до 100 km/h за 4.5 секунди, а максималната брзина му е 290 km/h.

Моделот од Kahn Design може да се купи во Велика Британија по цена од 221.000 долари, што е 45 илјади повеќе од стандардната верзија со V8 мотор.

Поврзани вести

Back to top button