Њујорк 2019: Премиера за новиот Cadillac CT5
Cadillac објави дека на Меѓународниот саем во Њујорк (19-28 април) ќе го претстави својот нов седан CT5
Новиот Cadillac CT5 кој ќе го замени на пазарот глобалниот CTS, е развиен на платформата Alpha на брендот, а ќе се нуди стандардно со дволитарскиот турбо агрегат, а како дополнителна опрема е три литарскиот Twin-Turbo погонски агрегат. За вториот од моторите, од компанијата велат дека ќе се одликува со специјално калибриран звук сличен на дволитарскиот, а ќе биде комбиниран со 10-степен автоматски менувач.
Без да навлегуваат во дополнителни детали од Cadillac коментираат дека новиот CT5 кој ќе се произведува во комплексот на компанијата GM во Лансинг, Мичиген, а ќе предложи високотехнолошки и луксузен ентериер, како и избор меѓу две нивоа на опрема- Luxury и Sport.