Њујорк 2018: Jaguar го лансира F-PACE SVR
Акцентот на штандот на JAGUAR LAND ROVER на салонот во Њујорк ќе биде на светската премиера на најмоќната верзија на Jaguar F-Pace, кој ќе дебитира во новата и долгоочекувана специјална верзија SVR
За жал, во моментов, од компанијата не нудат никакви детали за новото спортско засилување, но до премиерата остануваат буквално неколку дена, односно манифестацијата во Големото јаболко започнува на 30 март. Посетителите на саемот ќе имаат можност да се запознаат за прв пат со првиот целосно електричен модел на легендарната марка- Jaguar I-PACE, како и ексклузивната лимитирана серија Range Rover SV Coupé.
Jaguar F-Pace SVR
Jaguar I-PACE блесна во Женева, а тоа комбинација на моќ на двата негови електромотори со 400 коњски сила и вртежниот момент е 696 Nm. Електромобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 4,8 секунди, а благодарение на својата моќна литиум-јонска батерија (90 kWh) ветува автономија од 480 километри. Системот за брзо полнење пак гарантира напојување до 80% за 40 минути и 100 поминати километри за 15 минути.
RANGE ROVER SV COUPE, кој ќе биде пуштен во продажба во лимитирана серија од 999 примероци по цена од 240.000 фунти, а е опремен со 5,0 V8 бензински мотор со 565 коњски сили и 700 Nm. Со негова помош се претвора во најбрзата понуда на Range Rover. Луксузниот автомобил кој ќе се составува рачно од специјалистите на единицата SVO на Jaguar Land Rover, а во состојба е да забрза од 0 до 100 km/h за 5.3 секунди и да развие максимална брзина на движење од 266 km/h.