fbpx

Нико Розберг ќе го тестира новиот автомобил во Formula E

Поранешниот светски шампион во Formula 1, Нико Розберг, ќе направи демонстрација на новиот автомобил од Formula E, кој ќе се користи за светското првенство за електрични автомобили од следната, петта сезона

Ова ќе биде на 19-ти мај како дел од трката во Берлин, која повторно ќе се одржи на аеродромот Темпелхоф, а потоа се очекува официјално да се потврди дека тој стана еден од инвеститорите во новиот шампионат. Новата генерација на болидот од Formula E беше презенрирана на салонот во Женева во март, а тимовите ќе го користат за сезоната 2018/2019, односно до крајот на оваа година.

Formula E

Задоволство ми е што ќе можам да ја тестирам втората генерација на Formula E, објаснува Розберг. – Тоа ќе биде нешто ново и многу интересно за мене да видам дали она што го научив во мојата кариера ќе ми помогне зад воланот на електричниот автомобил.

Formula E

Главната разлика со автомобилите од првата генерација е батеријата што е речиси двојно поголема од капацитетот  на сегашната и возачите ќе можат да возат од почеток до крај без да застанат во бокс за менување на автомобилот.

Formula E

Поврзани вести

Back to top button