Nikola Tre – целосно електричен камион со 644 КС

Како целосно електрична верзија на Iveco S-Way, Nikola Tre претставува најнов проект на Nikola Motor и Iveco кој доаѓа со електричен опсег од 400 километри

Nikola Tre е првиот камион-шлепер на струја кој настана како плод на соработката меѓу компаниите Nikola и Iveco, кои го официјализираа партнерството пред само три месеци, а наменет е за европскиот пазар.

Двата производители ги здружија силите така што основата за електричниот камион доаѓа од Iveco, како специјалист за товарни возила со конвенционален погон, додека Nikola беа задолжени за современите технолошки решенија кои вклучуваат и алтернативен погонски систем на струја.

Nikola Tre е базиран на класичниот Iveco S-Way камионот кој ова лето беше претставен во Мадрид, па не е ни чудно што двете возила имаат речиси идентична надворешност. Поинакво е, секако, логото – наместо натписот Iveco, тука е голема светлечка буква „N“, како симбол на брендот Nikola, потоа светлечката предна маска, а воочливи се и новите LED дневни светла.

Сепак, најважните промени се кријат под површината. Nikola Tre е опремен со модуларни погонски батерии со максимален капацитет од 720 kWh, кои можат да се прилагодат на потребите на нарачателот на камионот. Верзијата која беше претставена на премиерата е наменета за регионален сообраќај, односно превоз на стоки на средни дистанци, и нуди автономија во возењето до 400 километри. Електричниот погонски систем располага со 480 kW (653 КС) и вртежен момент од 1.800 Nm. Камионот може да има 2 или 3 осовини и носивост од 18 до 26 тона.

Производната верзија на моделот Nikola Tre ќе дебитира на саемот за комерцијални возила во Хановер, во 2020. година. Испораките за купувачите се предвидени за 2021. година.

Инаку, компанијата Nikola наведува дека ова возило е вовед во следната фаза кога се очекуваат и електрични камиони со водородни горивни ќелии (FCEV), но тие нема да се појават на пазарот пред 2023. година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close