Nissan со 180 модели Patrol собори нов светски рекорд на Гинис во Дубаи
Единицата Nissan Middle East постави нов светски рекорд на Гинис, откако успеа да го реализира проектот за сеопфатен синхронизиран танц на автомобили (официјално Largest Synchronized Car Dance) во Дубаи
Во иницијативата биле вклучени 180 претставници на моделот Nissan Patrol, од кои било оформена стилизирана слика на летечки сокол над дубајската пустина. Претходното најдобро достигнување е постигнато преку синхронизирано движење на 36 возила.
Должината на двете колони на Nissan Patrol била 1476 метри, а формираната слика со помош на теренецот зафаќала површина од 176.5 на 225 метри.
Со регистрирањето на новото најдобро достигнување за Гинис, компанијата веќе може да се пофали со вкупно шест рекорди, од кои три се направи со помош на легендарниот теренец. Еден од најновите рекорди, кој беше снимен во 2016 година, беше за најбрз дрифт (304.96 km/h)